-->
-->
Над 1700 трактори и 5000 земјоделци влегоа во Париз
-->
Над 1700 трактори и пет илјади земјоделци од рано изутринава ја започнаа големата акција на блокирање на париските улици во знак на протест поради кризата со пласманот на нивните производи, што не ги задоволува елементарните трошоци.
Опсадата на Париз започна изутринава пред 6 часот, кога првите трактори пристигнаа на вратите од француската престолнина, по што се упатија на плоштадот „Насион“, каде ќе останат се до приемот на нивната делегација од страна на францускиот премиер Мануел Валс.
Француската влада се обидува да наметне гарантирана цена за откупот на свинското месо, чија цена е на најниското ниво во последниве години, посебно по забраната за увоз на европски производи од страна на Русија и зголемената конкуренција на европскиот внатрешен пазар.
На протестот на француските земјоделци и сточари со симпатии гледаат и нивните колеги од соседните европски земји, при што не се исклучува заедничка акција на европско ниво.
Во Франција, за разлика од соседна Германија, каде синдикатите не се многу силни, француските се многу поорганизирани и успеваат со блокади на улиците и патиштата да изнудат отстапки од владата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка