-->
-->
Над 20 повредени во судар меѓу товарен воз и автобус кај Мали Зворник
-->
Над 20 лица денеска се повредени во несреќа, кога товарен воз удри во автобус на железнички премин кај Мали Зворник, во непосредна близина на границата меѓу Србија и Босна и Херцеговина, јави српската државна телевизија РТС.
Возот точно во 12 часот удрил во задниот дел на автобусот, што се движел кон Мали Зворник.
Според првичните информации, во несреќата нема загинали, но над 20 лица се повредени,од кои некои потешко.
Сообраќајот во реонот е во прекин.
Болницата во Мали Зворник ги испратила сите свои возила на итната помош на местото на несреќата, а дел од повредените се примени и во болницата во блискиот град Лозница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот