Над 200 казнети возачи во Скопје: брзо возење, алкохол...
Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 17/18.08.2019 во времето од 22,00 до 04,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи што ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.
Притоа санкционирани се 102 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени соодветни казни. Откриени се и 52 останати прекршоци, за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 27 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 27 возачи.
Откриени се 47 останати прекршоци за кои се издадени 17 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.
Ново на Сител
-
Во кумановскиот затвор се обеси убиецот на Танкица Младеновска од Кочани
-
Пожар во гаража во Ново Лисиче, причинета материјална штета
-
Приведен жител на неготинско село кој не почитувал судска наредба и се заканувал на мајката и братот
-
Земјотрес регистриран во Македонија
-
Четворица повредени при пад на мал авион врз куќа во Колорадо
-
Номиниран јавен обвинител за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација
-
Поплави во Сиднеј
-
Уште еден Србин обвинет за воени злосторства во Косово