Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
Над 240 дојави за бомби утрово ги испразнија основните и средните учичишта во целата држава. Прво децата се евакуираат, па службите влегуваат да проверат дали навистина има експлозивни направи. Откако го разгледале секој агол, утрврдено е дека сите дојави за бомби биле лажни.
Во текот на денот, директорите и полицајците ќе добијат конкретни протоколи, веќе постоечки со одредени надоградени, за тоа како треба да се постапува и што треба да се прави во ваква ситуација. Министерката Јаневска апелираше до училиштата да ги користат исклучиво службените мејлови на платформата на МОН, за најбезбедна меѓусебна комуникација.
Да се користат само службените мејлови, со двојна идентификација
Истрагата трае, па детали за тоа кој внесе страв кај учениците и родителите, првиот човек на БЈБ, не открива. Вели дека се соработува со Интерпол и Европол за пронаоѓање на сторителите. Заканите за бомби, пак според премиерот се очекувани.
Унгарија, па Хрватска беа последните држави каде тамошната јавноста беше вознемирена токму од дојави за бомби во училишта и институции. Ваквите закани не се новост ниту за македонските воспитно-образовни институции.
Последен пат, минатата година токму во овој период, скоро секојдневно, учениците се евакуираа од училиштата, граѓаните од моловите, економистите од банките. По проверките, и тогаш сите дојави за бомби беа лажни.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар