-->
-->
Надал десетти пат победник на Роланд Гарос
-->

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по јубилеен десетти пат триумфира на Отвореното првенство на Франција.
Шпанецот го потврди приматот „Крал на земјените терени“ откако попладнево во финалето на годинашното издание на Роланд Гарос за само 2 часа и 5 минути го надигра 3-ностел на овој турнир Швајцарецот, Стан Вавринка
Надал го доби мечот со 3:0 по сетови 6-2, 6-3 и 6-1, со што стигна до десеттата титула на „Френч опен“(2005, 2006, 2007, 2008, 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2017), а вкупно 15-та од големите Гренд слем турнири.
Потсетување дека во женска конкуренција победни 20-годишната тенисерка од Летонија, Јелена Остапенко, која до својот прв Грен слем трофеј во кариерата сигна откако во вчерашното финалето со 2-1 во сетови ја победи Романката, Симона Халеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
