Надим Лашрауи е извршител на вториот самоубиствен атентат на аеродромот во Брисел

Извршител на вториот вчерашен самоубиствен атентат на аеродромот во Брисел е Надим Лашрауи, потврдија вечерва полициски извори, цитирани од француските медиуми.
Непосредно пред тоа, белгиските медиуми веќе информираа дека токму Лашрауи е вториот терорист самоубиец на аеродромот „Завентем“.
Претходно денеска се пласираше неточна информација дека белгискиот џихадист бил приведен во бриселското предградие Андерлехт.
Лашрауи веќе бил баран за врска со минатогодишните атентати во Париз. Неговата ДНК била откриена во неколку квартови што извршителите ги користеле во терористичките напади во француската престолнина, и врз експлозивите искористени во нападите на 13 ноември, во кои загинаа 130 лица.
Извршителот на другиот самоубиствен атентат на бриселскиот аеродром беше идентификуван како Ибрахим Бакрави. Неговиот брат Халид Бакрави беше идентификуван како напаѓачот самоубиец од станицата на метрото „Малбек“ во центарот на белгиската престолнина.
Во атентатите во Брисел загина 31 лице, а околу 300 се ранети, покажуваат последните податоци на белгиското Министерство за здравство, пренесе ТАСС.
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
