Надминат проблемот со системот на Евзони
На граничниот премин Богородица без проблеми и со вообичаена динамика за овој период од годината, се одвива протокот на патници. Истото се однесува и за ГП Евзони на грчка страна, соопштија од МВР, откако утринава на кратко паднал системот на двата гранични премини-Евзони и Дојрани и беа објавени информации дека се создадени долги километри за влез и излез од Грција.
- Бевме известени од грчките колеги дека околу 8 часот утринава во период од 15-тина минути бил во прекин системот на Граничниот премин Евзони, по што проблемот бил надминат и протокот на патници до овој момент се одвива со вообичаената динамика, информираат од МВР.
Додаваат дека од македонска страна се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за непречен проток на патници.
Инаку, и од камерата на ЈП за државни патишта може да се забележи дека нема застој и излегувањето од државата тече нормално.
Ново на Сител
-
ОПМ: Мерката за ограничување на маржите е корисна
-
Нова опасност за македонските сточари
-
Преглед на вестите од светот
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила