Македонија
17. January 2025 - 16:44

Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања

На три локации во три градови денеска Државниот санитарен инспекторат прави вонреден надзор за смртта на 9 годишното дете од светиниколско. Ја проверуваат целокупната медицинска документација кај матичниот лекар, во штипската клиничка болница каде првично е побарана помош како и на клииниката за детски болести каде настапила смртта неполни 2 часа по приемот. 

Докторите од детска велат дека момчето кај нив стигнало во многу тешка состојба, со ниска сатурација, срцев застој и лоши витални параметри. Засега никој не кажува зошто натапила таква клиничка слика, дали станува збор за цревна инфекција бидејќи за време на транспортот од Штип за Скопје, детето постојано имало течни столици. Родителите не сакале одбукција на телото, велат од клиниката.

И додека се чекаат резултатите од надзорот на ДСЗИ, трагичните настани стаа мегдан и за препукување меѓу политичките партии. Од СДСМ бараат оставка од Таравари и директорот на Детска и ја повикуваат власта да спречи враќање на старите практики и високите стапки на смртност.  

- Точно е дека се спроведоа инспекциски надзори, но тоа е недоволно. Казните за Клиниката за детски болести се задоцнети и несоодветни. Ниту една парична казна не може да го врати загубениот детски живот!

Во 21 век, во време кога во светот се лансираат современи технологии во здравствениот систем, нашата статстика лани за само шест месеци регистрираше 19 починати доенчиња и едно петгодишно девојче, вели Белкиса Зеќири од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, им вратија дека пресови држи партијата чиј претседател е поранешен министер за здравство во чие време изгореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово а системот му колабираше по сообраќајката на Дурмо турс.

- За време на министерувањето на Филипче и владеењето на СДС, во здравството не се направи ништо за да се подобрат условите.

Наместо да работи на унапредување на здравството и на условите за работа на здравствените работници, Филипче го интересираше само личните и бизнис интересите на тендерашот и негов претходник, Зоран Заев.

Наместо да ги средува состојбите и да ги подобрува условите во здравството, Филипче како министер го интересираа само провизиите од местењето тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.