Награда за професорката Зорица Каракутовска на фестивал во Италија
Универзитетската професорка по хармоника од Факултет за музичка уметност (ФМУ), Зорица Каракутовска, синоќа во театарот „Ла Нуова Фениче“ во градот Осимо, Италија, ја доби светската награда „CIA Merit Award" за 2017 година.
Со добивањето на оваа награда, професорката Каракутовска се најде во елитата на хармоникаши со Јури Шишкин, Фридрих Липс, Вјачеслав Семјонов, Анатолиј Кусјаков, Мика Вауринен и други. Наградата ѝ беше доделена на гала-концертот, во рамките на 70-тата јубилејна манифестација „Куп Мондиале", кој се одржува деновиве во Осимо, Италија.
Наградата се доделува од 1963 година, а професорката Каракутовска е најмладата добитничка досега и единствена од Македонија. Ова е меѓународно признание кое се смета за Оскар за посебни заслуги и постигнати успеси во светот на хармониката.
Секоја година, Светската унија на хармоникаши, членка на Меѓународниот музички совет на УНЕСКО, доделува награди на истакнати музичари.
Годинава, на зимскиот конгрес, кој се одржа во Нирнберг, Германија, престижната „Merit aword“, Унијата ѝ ја додели на професорката Каракутовска, претседателка на македонското здружение на хармоникашите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
