Награди за најуспешните основци од општина Кисела Вода
Продолжуваат активностите на општина Кисела Вода во насока на одбележување на 61-годишниот јубилеј.
Денеска,во рамките на проектот “Општината ги стипендира најдобрите”, 90-те талентирани и надарени ученици од основните училишта на оваа територија, кои во текот на учебната 2015/2016 година освоија награди на натпреварувањата од областа на науката, спортот, културата и уметноста, од градоначалникот и Претседателот на Советот на општина Кисела Вода добија парични награди.
Освен поединечните награди во висина од 10 000 денари, беа доделени и 4 награди во вредност од 15 000 денари во екипна конкуренција.
- Реализирањето на сопствените амбиции, врвните достигнувања во областа во која се чувствувате најмоќни, задавањето на се повисоки цели и нивното остварување, се одлика на успешните луѓе. Кога се работи за млади лица, за ученици, како што сте вие, овој успех е уште поголем. Паричните средства што општина Кисела Вода денес ви ги доделува освен што значат признание, треба да бидат поттик за вашата понатамошна работа. Стимул - со посветеност да продолжите да ги проширувате своите видици, создавајќи високоинтелектуална креативна средина за сите ваши соученици и оние кои ќе ве наследат во училишните клупи- потенцираше градоначалникот Беличанец-Алексиќ во своето обраќање.
Денешните активности за одбележување на Денот на општината, 29-ти јуни, продолжуваат во попладневните часови.
Во 17 часот Здружението на пензионери на Кисела Вода ќе одржи хуманитарна коријада во паркот Шопен. Средствата од продажбата на белите печива кои тие ги подготвуваат, а потоа и продаваат, се наменети за социјално- загрозените лица од општината.
На истата локација од 18часот, во соработка со ЈЗУ Здравствен дом-Скопје, ќе се вршат бесплатни лекарски прегледи, а потоа Здружението на пензионери на Кисела Вода ќе се претстави со културно-уметничка програма.
Ново на Сител
-
Уапсен е раководител во општината Маврово и Ростуше, договорил поткуп од 13.000 евра
-
Регистриран земјотрес во Струмичко
-
Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени во УКЦ Ниш од Воената болница
-
Определен 30 дневен притвор за полициските службеници, осомничени во врска со пожарот во Кочани
-
МВР: Забрана за вршење операции со дронови на територија на осум општини
-
Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата
-
Објавен безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани
-
Црвениот крст на Србија собира парична помош за семејствата на загинатите и повредените во Кочани