-->
-->
Награди за учесниците на „Пијанечки денови на сливата 2016“
-->

Првата награда на петтите „Пијанечки денови на сливата 2016“ им припадна на претставниците на ООУ „Ванчо Прке“ од Делчево за нивниот штанд, каде понудија најразлични специјалитети подготвени од сливи, втората награда ја доби Маја Георгиева од Делчево за нејзините специјалитети, а третата на Дејан Арсовски кој вчера пред летната сцена во Делчево вареше ракија.
Како што информираше Тони Стоименовски, од ЛЕР во Општина Делчево, годинава одзивот на граѓаните за учество на оваа манифестација е голем.
- Годинава имаме 16 штандови каде е изложена традицијата и умешноста на домаќинките кои подготвија најразлични специјалитети од сливи. Тука се и учениците од СОУ „М. М. Брицо“ од Делчево од прехранбената насока, кои на отворено варат мармалад , но по рецепт од старите, но имаме и четворица наши сограѓани кои ги донесоа своите казани за варење ракија од слива која е позната од овој регион, рече Стоименовски.
Тој додаде дека со оваа манифестација Делчево го слави својот бренд модрата слива.
Во регионот сливарството е најзастапена овоштарска гранка. Може да се каже дека нема семејство во Делчево кое нема свои насади со сливи и не подготвува ракија или други производи од сливите. Сакаме оваа манифестација да ја направиме еден вид и туристичка атракција, каде ќе се слави традицијата и нашиот бренд сливата, рече Стоименовски.
На летната сцена синоќа имаше и богата културно-уметничка програма, а Пијанечките денови на сливата завршија со концертот на Наум Петрески и Зуица Лазова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
