Наградна игра за промоција на велосипедизмот и убавините на Македонија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) организираат наградна игра под мотото „Македонија се сака на точак“. Наградната игра официјално почнува денеска и има за цел промоција на велосипедизмот и убавините на Република Македонија.
Право на учество имаат сите Facebook корисници кои се државјани на Република Македонија и се над 13-годишна возраст.
Наградниот натпревар се одвива преку социјалната мрежа Facebook каде треба да се прикачи фотографија со велосипед, која е создадена на територијата на Република Македонија и во кадар треба да се прикажани и убавините за нашата држава. Фотографијата не треба да е направена при управување на велосипедот.
Наградната игра може да се најде на следниот линк: https://www.facebook.
Апликацијата е наменета за лична употреба, а за учесниците се предвидени парични и друг тип на награди обезбедени од РСБСП и АППТ. Изборот за највисоката парична награда, во вредност од 30.000 денари ќе биде наменета за најубавата фотографија, избрана од жири комисија составена од пет члена. Парични награди од 18.000 ден, 12.000 ден и 6.000 ден ќе бидат доделени на фотографиите кои ќе освојат најголем број на гласови/лајкови.
Освен паричните награди ќе бидат доделени и осум ваучери за бесплатно ноќевање за двајца во осум хотели низ земјава. Добитниците на наградите ќе бидат објавени седум дена по завршувањето на наградната игра, на Светскиот ден на туризмот – 27 Септември.
Ново на Сител
-
Трамп: Иран мора да се откаже од нуклеарното оружје или да се соочи со воен одговор
-
Унгарскиот парламент усвои уставен амандман за забрана на јавните ЛГБТКју+ активности
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани