Најбогатиот Украинец ја предава целата своја медиумска империја на државата

Најбогатиот Украинец Ринат Ахметов синоќа изјави дека ја предава целата своја медиумска империја на државата, како дел од законот кој има за цел да го намали влијанието на олигарсите врз економијата.
– Оваа недела Медиа Груп Украина (Media Group Ukraine) ќе и ги предаде на државата сите украински лиценци за нашите телевизиски канали и печатени медиуми. Исто така, ќе ги прекинеме нашите онлајн медиумски активности, рече Ахметов.
Бизнисменот (55) додаде дека одлуката ја донел поради стапувањето во сила на законот кој има за цел „да се спречи ризикот од прекумерно влијание на олигарсите врз националната безбедност на земјата“. Законот беше усвоен во септември 2021 година. Ахметов изрази жалење што шестмесечниот законски рок за продажба на имотот на компанијата, кој доаѓа во екот на руската инвазија на Украина, ја спречува неговата група да ги „продаде своите медиумски активности по пазарни услови“.
Неговата медиумска група поседува 10 телевизиски канали, неколку информативни програми, видео-платформа и веб-страница за вести. Според проценките на магазинот Форбс, Ахметов има богатство од 4,2 милијарди долари и е претседател на фудбалскиот клуб Шахтјор Доњецк.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
