-->
-->
Најмалку 10 луѓе повредени во експлозијата во Анталија
-->
Повеќе од десет лица се повредени во денешната експлозија пред паркингот на Трговско-индустриската комора во турскиот град Анталија, јужна Турција, јавија турските медиуми.
Според телевизијата НТВ бројот на повредени луѓе е од 10 до 15.
Експлозијата била слушната и во центарот на Анталија, а ги искршила прозорците на Трговско-индустриската комора и оштетила шест до седум автомобили.
На местото на инцидентот се упатија голем број возила на брзата помош и на полицијата. Се уште не е позната причината за експлозијата.
Градоначалникот на Анталија, Мендерес Тјурек изјави дека е можно експлозијата да е несреќа и да не е терористички акт. Тој додаде дека ниту еден од десетината повредени лица не е во тешка зравствена состојба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино
-
Прометот во маркетите вчера помал за 22%
-
СДСМ обвинува за цената на струјата
-
Кои кандидати се во игра за градоначалник на Скопје?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Мирчевски се уште е во раководството?
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите