Најмалку 116 лица загинаа во земјотресот во Кина
Најмалку 116 лица загинаа во силниот земјотрес во северозападна Кина, јави државната новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на властите.
Земјотресот со јачина од 6,2 степени е регистриран вчера една минута пред полноќ по локално време. Се случил на длабочина од 10 километри, со епицентар во провинцијата Гансу.
Досега е потврдена смртта на 105 лица во овој регион. Најмалку 11 лица загинале во соседната провинција Кингхаи.
Оштетени се инфраструктурата и зградите, а во неколку села е прекинато снабдувањето со електрична енергија и вода. На некои места возовите не сообраќаат.
Во провинцијата Гансу се оштетени над 4.700 згради.
Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди голема операција за пребарување и спасување со цел да им се помогне на луѓето во погодените области.
Времето во подрачјето на земјотресот е ладно, со температура од минус 14 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница