-->
-->
Најмалку 12 лица загинаа во троен самоубиствен напад во Ирак
-->

На контролен пункт северно од Багдад изведен е троен самоубиствен бомбашки напад во кој загинаа најмалку 12 припадници на безбедносните сили, додека 34 се повредени, изјави портпаролот на полицијата во провинцијата Салахудин. Мохамед ал-Џабури.
Тој додаде дека тројца екстремисти со три автомобили полни со експлозив удриле во контролниот пункт.
- Нападот се случи во моментот кога началникот на локалната полиција и директорот на провинцискиот безбедносен комитет биле на пунктот, но двајцата го преживеаја нападот, посочи ал-Џабури.
Нападот е изведен неколку дена откако владините сили ја презедоа контролата врз градот Ширкат од Исламска држава.
Се уште никој не презел одговорност за нападот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
