Најмалку 13 загинати при напади во шиитски населби во Багдад
Најмалку 13 лица загинаа денеска, а 37 други се ранети при два одвоени напади во ирачкиот главен град Багдад, соопштија медицинските извори.
Како што јави ДПА, двата напада биле извршени во багдадски населби каде претежно живеат шиити.
Според очевидци, еден автомобил-бомба експлодирал во близина на трговски центар во населбата Ал Шаб во северниот дел на Багдад. При експлозијата загинале 11 лица, а 25 се ранети.
Во вториот напад, што се случил во Садр Сити во источниот дел на Багдад, бомбаш-самоубиец усмртил две лица, а ранил 12 други.
Досега никој не ја презеде одговорност за нападите. За некои претходни слични вакви напади во Ирак, што се случија изминативе недели, одговорност презеде сунитската џихадистичка група Исламска држава (ИД), која шиитите ги смета за „еретици“.
Ново на Сител
-
Приведен дрвокрадец од скопско
-
Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот
-
Зеленски: Ако Русија го прекрши договорот, Украина ќе бара санкции и оружје
-
Велешанец на фан страна на национална телевизија објавувал коментари со омраза
-
46-годишна жена од Скопје го пријавила сопругот кој подолго време ја следел и ја вознемирувал
-
Уапсен турски државјанин кој превезувал брендирана текстилна стока без документација
-
Папата Франциск беше толку блиску до смртта што лекарите размислуваа да го прекинат лекувањето
-
Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта