Најмалку 14 загинати при самоубиствен напад во Авганистан

Најмалку 14 лица загинаа, а околу 15 други се ранети денеска при самоубиствен бомбашки напад во зграда во која живеел истакнат локален политичар во градот Џалалабад во источниот дел на Авганистан, соопштија авганистанските власти.
Според истите извори, бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот што го носел на себе во влезот на станбениот комплекс во кој се наоѓа домот на членот на Советот на провинцијата Нангархан, Обаидулах Шинаври.
Порпаролот на регионалната влада на Нангархан, Атаулах Ќогани изјави дека во време на напади во зградата имало поголем број лица, кои биле собрани на семејна прослава.
- Бројот на жртвите најверојатно ќе расте, бидејќи на местото на настанот имало многу луѓе, додаде Ќогани.
Меѓу загинатите е и таткото на Обаидулах Шинаври. Освен Шинаври во авганистанската политика на локално или национално ниво се активни и други ченови на неговото семејството.
Засега никој не презеде одговрност за нападот. По инцидентот на Твитер се огласи портпаролот на талибанците Забихула Муџахид, кој нагласи дека неговата организаиција нема никаква врска со нападот.
Станбениот комплекс во кој се извршен нападот се наоѓа во близина на пакистанскиот Генерален конзулат во Џалалабад, кој минатата недела беше цел на бомбашки напад, за кој одговорност презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Ново на Сител
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
-

ДИК: Одѕивот на изборите за градоначалник во Брвеница до 18:30 часот е 52,90 отсто
-

МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава
-

Излезноста во Брвеница до 13 часот 27,81%, повисока за 7,31 процентни поени од првиот круг
-

Одбележана втората годишнина од смртоносниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад
-

Навивачи на „Фемили“ нападнале група навивачи на „Работнички“, тешко повреден малолетник
-

Излезноста во Брвеница до 11 часот изнесува 13,82% – зголемена во однос на првиот круг
-

Скопјанец приведен по пријава дека ѝ се заканувал на сопругата, таа пријавила и долгогодишно малтретирање
