Најмалку 15 мртви и 21 повреден во бунт во затвор во Еквадор

Најмалку 15 затвореници загинаа, а 21 се повредени во бунт во еден од најголемите затвори во Еквадор, каде веќе се убиени неколку луѓе во постојаното насилство меѓу ривалските банди, соопштија властите.
„Според прелиминарните информации, 21 лице е повредено, а 15 загинале во судирот меѓу затвореници“, се наведува во соопштението на еквадорската затворска управа (СНАИ). Управата соопшти дека тактичките единици продолжуваат со операциите за враќање на контролата над затворот, а однадвор ги поддржуваат вооружените сили.
Затворот се наоѓа на периферијата на јужниот град Латакунг и со околу 4.300 затвореници, тој е еден од најголемите во земјата. Од февруари 2021 година, во тој затвор имало седум масакри меѓу затворениците, во кои имаше повеќе од 400 мртви.
Ново на Сител
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
