-->
-->
Најмалку 16 загинати кога камион се „втурна“ во верска процесија во Мексико
-->

Најмалку 16 лица загинаа, а 30 други се повредени кога голем камион се „втурнал“ меѓу учесниците на една верска процесија во мексиканската сојузна држава Закатекас.
Тешкиот инцидент се случил на главната улица во градот Мазапил, североисточно од главниот град Мексико Сити, за време на процесијата во која имало најмалку 200 луѓе.
Според наодите на локалната полиција, тешкото возило во кое се пренесувал градежен материјал, наеднаш и без контрола тргнало низ улицата.
Полицијата започна истрага за инцидентот, но првите наоди укажуваат дека откажеле сопирачките на камионот.
Локалните медиуми тврдат дека веднаш по несреќата што ја предизвикал, возачот го оставил возилото и побегнал во непознат правец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
-

Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет
