Најмалку 19 убиени во напад со нож во дом за хендикепирани лица во Јапонија
Најмалку 19 лица се убиени, а други 45 се повредени во напад со нож извршен во дом за немоќни и хендикепирани лица во Јапонија.
Во соопштението на јапонската полиција се вели дека масовното убиство се случило денеска, во раните утрински часови, во градот Сагамихара, оддалечен 40 километри југозападно од Токио.
Осумнаесет од повредените лица се наоѓаат во тешка состојба.
Полицијата потврди дека е уапсено едно лице кое е осомничено за тешкото злостортство.
Неговиот идентитет не се соопштува, освен што се открива дека станува збор за млад човек на 26 години кој самиот им се предал на властите.
Медиумите во Токио јавуваат дека човекот влегол во локалната полициска станица и им рекол на полицајците дека тој го извршил злосторството.
Според неговото признание тој е поранешен вработен во домот, но нема објаснување за мотивот за масовното убиство.
Полицијата која ја води истрагата не дава други детали за случајот, освен што се посочува дека станува збор за најтешко масовно убиство во Јапонија во поново време.
Во 2008 година еден човек влета со камион во еден шопинг центар во Токио при што уби седум лица.
Сегашниот напад се случува во ист ден, кога во 2001 година едно лице со психички проблеми избоде со нож осум деца во едно основно училиште во Осака.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество