Најмалку 22 повредни при судири на унгарско-српската граница

Најмалку 20 полицајци и две деца-сириски бегалци се повредени денеска за време на судирите меѓу припадници на унгарските безбедносни сили и група од неколку стотици имигранти кои успеаја да ја пробија оградата од бодликава жица на границата меѓу Унгарија и Србија.
- Ранети се 20 полициајци, а медицинските служби в болница однеле и две деца кои се повредиле откако биле фрлени преку оградата. Ќе ја зајакнеме оградата и ќе ја гарантираме безбедноста на Унгарија со сите законски средства, изјави доцна попладнево советникот за безбедност на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Ѓерѓ Баконди.
Унгарската полиција на преминот Роске-Хоргош употреби солзавец и водени топови против стотиците мигранти, кои кон полицајците фрлаа со пластични шишиња со вода. По судирите кои траеле повеќе од еден час, десетина бегаци сепак успеале на навлезат на унгарска територија.
Западни медиуми јавија дека кон местото на инцидентот се упатиле и три оклопни возила на унгарската армија, кои се распоредиле на неколку стотини метри од српската граница.
Портпаролот на унгарската Влада Золтан Ковач изјави дека полицијата нема да дозволи бегалците да навлезат на унгарска територија, притоа посочувајќи дека Унгарија денеска „не добила никаква помош од српските власт во справувањето со илегалните имигранти“.
Танјуг јави дека на местото на инцидентот приситгнале три српски екипи на брзата помош, кои им укажуле помош на околу сто бегалци, кои главно се жалеле на последиците од солзваецот.
На преминот пристигнале и 20-тина српски полициајци, кои според Танјуг, биле пречекани од имигрантите со аплауз.
Унгарија денеска соопшти дека ги информирала српските власти оти ќе го затвори граничниот премин Роске-Хоргош во период од 30 дена, барајќи при тоа од Белград „да дејствува против мигрантите, кои ги нападнале унгарските полицајци на границата“.
- Група од многу агресивни мигранти постојано ја напаѓаат унгарската полиција со камења и бетонски парчиња. Нападот е извршен од српска територија. Затоа побарав од српските колеги да ги повикаат своите власти итно да интервенираат против оваа агресивна група мигранти, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Ново на Сител
-

Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
-

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме напорно и во исто време се бориме со хаосот кој го наследивме
-

Мицкоски: Фетаи ќе се врати во Брисел, реконструкцијата ќе биде на крајот на мај или јуни, можни се ротации на ресорите
-

ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија
-

Српската полиција уапси македонски државјанин осомничен дека сторил кривично дело измама
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
