Свет
25. August 2016 - 8:13

Најмалку 247 жртви во земјотресот во Италија

Италијанската Цивилна заштита соопшти дека 247 луѓе загинале во земјотресот што вчера го погоди централниот дел од Италија.

Во областа Лацио загинале 190 луѓе, а 57 во областа Марке.

Тие цифри го ставаат земјотресот што беше со интензитет од 6,2 степена меѓу најсмртоносните во Италија во изминатите години.