Најмалку 27 загинати при налетот на тајфунот Демри во Виетнам
Најмалку 27 лица загинаа, а 22 се водат како исчезнати при налетот на силните ветрови и поројниот дожд предизвикани од тајфунот Демри, што вчера ги погоди централните и јужните делови на Виетнам, соопштија денеска виетнамските власти.
При ударот на ветровите, кои наместа дувале и со брзина до 90 километри на час, се оштетни над 40.000 станбени и деловни објекти. Поради невремето властите евакуираа околу 33.000 лица.
Од тајфунот најтешко се погодени реоните на Виетнам познати по одгледување на кафе, поради што се очекува одлагање на стартот на бербата.
Засега нема информации за штетите на насадите со кафе, но властите веќе соопштија дека при невренето се уништени над 40.000 хектари површина под шеќерна трска и ориз.
Во поплави во северен Виетнам минатиот месец загинаа над 80 лица.
Ударот на Демри доаѓа во пресрет на Самитот на Организацијата за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК), што следната недела ќе се одржи во Виетнам.
Ново на Сител
-
Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице
-
Вишиот суд во Нови Сад утре ќе ја објави одлуката за обвинението за падот на настрешницата
-
Студентите на Правниот факултет во Скопје после 15 години го промовираа првото стручно списание
-
Сообраќајка пред влезот на Влае, се судриле три возила
-
Инвеститорот којшто урна ѕид од станбена зграда ќе биде соодветно казнет, велат од Општина Ѓорче Петров
-
Казнета кланица поради непочитување на законски одредби за нештетно отстранување на нус производи по колење
-
Сите основни училишта во државава ќе добијат примерок од македонскиот Правопис
-
МВР: Секторот за компјутерски криминал презема мерки за истраги и справување со „фишинг“ - напади