Најмалку 273 загинати во судири во главниот град на Јужен Судан
Најмалку 273 лица загинаа изминативе неколку дена во главниот град на Јужен Судан, Џуба, во судири меѓу владините сили и припадници на поранешните бунтовнички групи, соопшти денеска јужносуданското Минстерство за здравство.
Во соопштенито се посочува дека најмалку 33-ца од загинатите во престрелките се цивили.
Како што јави ДПА, судирите започнале во петокот во реонот околку Претседатлската палата, по што се прошириле во повеќе делови на градот.
Во времето кога почнале борбите, во Претседателската палата се одржувал состанок меѓу јужносуданскиот претседател Салва Киир и неговиот заменик и поранешен лидер на бунтовниците Риек Мачар.
Западните медиуми јавуваат дека во Џуба и денеска се слушаат престрелки, кои се најинтензивни во реонот околку воената база во која престојува потпретседалот Мачар,
Причините за судирите не се познати, а Киир и Мачар апелираа да своите приврзаници да ги запрат борбите.
Јужен Судан, кој вчера ја одбележа петтата годишнина на својата независност, во периодот од 2013, па до април годинава, беше соочен со граѓанска војна. Војната заврши со договор, врз основа на кој бунтовничкиот лидер Мачар беше избран за прв потпретседател на земјата.
Новите судири во Јужен Судан ги осуди генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, кој ги обвини двете страни за „недостиг на сериозен однос кон мировниот процес“.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски