Најмалку 400 илјади деца во Авганистан нема да одат на училиште во 2017 година

Повеќе од 400 илјади деца во Авганистан се очекува да се откажат од школо во 2017 година поради зголемена нестабилност во државата и принудните враќања на авганистански бегалци од Пакистан, соопшти организацијата Спасете ги децата.
– За децата кои нема да одат на училиште постои зголемен ризик за рано стапување во брак, принудна работа или регрутирање во вооружени групи како да бидат жртви на шверц со деца, наведе организацијата во соопштение.
Според нив, повеќе од 600 илјади Авганистанци беа приморани да се вратат од Пакистан во 2016 година и околу еден милион ќе се вратат оваа година.
– Повеќе од половината деца кои ќе се вратат ќе бидат надвор од школо, и најчесто ќе работат на улица, наведе Спасете ги децата.
Конфликтот исто така приморал повеќе од 1.000 училишта да бидат затворени.
Пред извесно време и податоците за децата кои посетуваат настава беа доведени во прашање. Во декември министерот за образование Асадулах Балки наведе дека податоците објавени претходно од Владата и меѓународни организации се неточни.
- Наместо 11,5 милиони,колку што беше соопштено, само нешто повеќе од шест милиони деца во моментот се во училишта во Авганистан, нагласи Балки.
Ново на Сител
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
-

Тема на денот со Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
-

ЕУ разгледува можност за постепено интегрирање, Муцунски бара да нема билатеризација
-

Опозицијата обвини за блокади - Власта за предавство
-

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари
