Свет
10. February 2016 - 12:56

Најмалку 500 загинати во офанзивата врз Алепо

Најмалку 500 лица загинаа, меѓу кои десетици цивили во офанзивата на силите на сирискиот претседател Бараш ал Асад, помогнати од руските напади во провинцијата Алепо, која почна на почетокот на месецот, соопшти денеска сирискиот Центар за набљудување на човековите права, со седиште во Лондон. 

Центарот наведе дека меѓу 506-те жртви има 23 деца, кои загинале во руските воздушни напади врз градот Алепо и околината од почетокот на операцијата на 1 февруари.

- Најмалку 143 прорежимски борци, 274 бунтовници и џихадисти од странство, како и 89 цивили загинале од 1 февруари до вчера, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.