Најмалку четворица погинати и тројца исчезнати во првата бура на атлантското крајбрежје

Тропскиот циклон во Атлантскиот Океан достигна степен на бура и се движи кон источното крајбрежје на САД, соопшти Националниот центар за урагани, цитиран од светските агенции.
Најмалку четири лица погинаа, а тројца се исчезнати, вклучувајќи и 11-годишно дете, во поплавите кои ги предизвикаа големите дождови и излевања на реки во американските држави Тексас и Канзас, додека тропската бура Бони го погоди брегот на Јужна Каролина.
Надојдените реки однесоа патишта во Тексас и Канзас, при што четири лица настрадаа, наведуваат американските медиуми.
Спасувачките служби на градот Вичита, во Канзас, трагаат по дете кое во петокот вечерта било однесено од надојден поток.
Во близина на градот Остин, во Тексас, властите денеска ќе ја продолжат потрагата од воздух по двете лица, кои се наоѓале во автомобили на поплавен пат.
Тропската бура Бони, права годинава, вчера пристигна во Јужна Каролина на четири дена пред официјалниот почеток на сезоната на урагани во Атлантскиот Океан, но евакуација на населението не беше прогласена.
Се очекува до попладне Бони да стигне до брегот јужно од Чарлстон. Центарот на бурата се наоѓа на околу 195 километри југоисточно од градот, а брзината на ветрот достигнува околу 65 километри на час.
Ново на Сител
-

Нов обид на судиите и обвинителите преку Уставен да си обезбедат повисоки плати
-

Кривични за раководството на ОФС Охрид - го манипулирале системот на ФФМ
-

Прекинат прагот на аларамирање
-

Ајдован Адемоски почесниот конзул на Турција се обрати на новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули
-

Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег
-

Приведена 45-годишна жена, одзела златен накит во вредност од 9.000 евра | ФОТО
-

Грчките земјоделци до петок нема да ги блокираат граничните премини Евзони и Ники
-

Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух
