Свет
13. јуни 2020 - 21:36

Најмалку десет загинати при експлозија на танкер во Кина

Најмалку десет луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени при експлозија на танкер за превоз на нафта на автопат во Венлигу, во источниот дел на Кина.

Од јачината на експлозијата се урнале куќи и фабрики кои се наоѓале во близина, соопшти кинеската Влада.

Облаци од црн чад се прошириле на небото, а огнот зафатил и неколку возила.

Спасувачки екипи се уште се борат да ги извлечат блокираните луѓе под урнатините, а повредените се пренесени во болница.