-->
-->
Најмалку девет ученици загинаа во сообраќајна несреќа на Филипини
-->
Најмалку девет ученика загинаа, а 16 се повредени на Филипини кога камионот во кој се наоѓале изгубил контрола, се превртел и паднал, соопшти филипинската полиција.
Полицискиот инспектор Нелсон Саквибал изјави дека неколку од повредените, меѓу кои и возачот, се префрлени во болница во градот Болџун во централната провинција Себу.
Учениците од две средни училишта требало да присуствуваат на фестивал за култура, здравје и спорт во центарот на градот.
Саквибал во телефонски разговор за АП изјави дека некои од учениците биле заробени под камионот, додека другите заедно со возачот биле исфрлени од ударот. Тие се згрижени од локалните жители, полицијата и пожарникарите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена