Најмалку девет загинати во напад на бомбаш-самоубиец во пакистанскиот град Квета
Девет лица денеска се убиени, а повеќе од 35 се ранети, кога бомбаш-самоубиец на велосипед се разнел во близина на камион со припадници на безбедносните сили во градот Квета, на југозападот од Пакистан, соопштија официјални претставници на полицијата.
Две лица меѓу убиените се припадници на паравоени сили, додека седуммина се цивили, информира полицијата врз основа првичните извештаи од теренот.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесуваат француските медиуми, потсетувајќи дека талибанските милитантни активисти и сепаратистички групи се активни во овој регион.
Нападот е изведен пред зградата на регионаниот суд во Квета, каде се наоѓал камионот во кој влегле војници по рутинската безбедносна патрола.
Според првичните извештаи на експертите за поставување бомби, експлозивот што напаѓачот на велосипед го активирал бил тежок 15 килограми.
Квета е главен град на немирната провинција Балочистан, каде во 2004 година изби сепаратистички бунт, наведуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман