Најмалку девет загинати во напад на бомбаш-самоубиец во пакистанскиот град Квета
Девет лица денеска се убиени, а повеќе од 35 се ранети, кога бомбаш-самоубиец на велосипед се разнел во близина на камион со припадници на безбедносните сили во градот Квета, на југозападот од Пакистан, соопштија официјални претставници на полицијата.
Две лица меѓу убиените се припадници на паравоени сили, додека седуммина се цивили, информира полицијата врз основа првичните извештаи од теренот.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, пренесуваат француските медиуми, потсетувајќи дека талибанските милитантни активисти и сепаратистички групи се активни во овој регион.
Нападот е изведен пред зградата на регионаниот суд во Квета, каде се наоѓал камионот во кој влегле војници по рутинската безбедносна патрола.
Според првичните извештаи на експертите за поставување бомби, експлозивот што напаѓачот на велосипед го активирал бил тежок 15 килограми.
Квета е главен град на немирната провинција Балочистан, каде во 2004 година изби сепаратистички бунт, наведуваат француските медиуми.
Ново на Сител
-
Муцунски: Во овие тешки моменти, важно е да останеме обединети во болката и солидарноста
-
Собрани 43.149.360 денари за семејствата на настраданите и повредените, велат од Црвен крст
-
Орбан: Сите гледаат дека војната во Украина е изгубена, ставот на Унгарија може да стане мнозински
-
Меѓународниот балкански универзитет одржа комеморативна програма за жртвите во пожарот во Кочани
-
На албанско-црногорската граница уапсен македонски државјанин баран со меѓународна потерница
-
Се проверуваат битолските угостителски објекти
-
Финансиска полиција активно е вклучена во големата акција за проверка на работата на објектите
-
Таравари: Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно