Најмалку две лица загинаа при експлозија во германската хемиска компанија БАСФ

Најмалку двајца работници загинаа, шестмина се повредени, а двајца се уште се водат за исчезнати при денешната експлозија во германскиот комплекс на хемискиот гигант БАСФ во градот Лудвигсхафен.
БАСФ соопшти дека експлозијата се случила околу 11 часот и 30 минути во фабриката „Ландесхафен север“ и предизвикала огромен пожар. Во тек е истрага за причините за експлозијата.
Радио Зјудвеструдфунк јави дека експлодирал танкер, кој се наоаѓал на пристаниште на компанијата на реката Рајна. Пристаништето се користело за товарење на запаливи течности и течен гас.
На местото на несреќата испратени се специјални спасувачки сили. Противпожарната служба предупреди дека е можно во воздухот да се појават опасни материи и да се влоши видливоста во регионот, поради што се апелира до граѓаните на Лудвигсхафен и блискиот град Мајнхам да останат во своите домови. Но, не е препорачана евакуација на жителите.
БАСФ вработува 36.000 луѓе во Лудвигсхафен. Во експлозија на фабриката за амоњак на БАСФ во 1921 година загинаа 600 луѓе, додека при експлозија на танкер во 1948 година загинаа 200, а беа повредени над 3.800 лица.
Ново на Сител
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

Брисел: Правосудството со слабости, корупцијата тапка во место
-

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел
-

Турканици, нервози и расправии пред Алта банка во Битола – по 20.000 денари од шалтер подигнуваа тие кои добиле порака
