-->
-->
Најмалку две лица загинаа во експлозија во складиште за муниција во Источна Украина
-->
Најмалку две лица загинаа, четворица се повредени во пожар по експлозиите во складиште за муниција во регионот на луганск на југоистокот на Украина.
Просторот од околу 300 квадрати го зафатил пожар во складиште на артилериска муниција во градот Сватово, а како што наведе локален претставник, на таа локација се наоѓаат над 3,5 тони муниција.
Експлозиите предизвикале масовна паника во областа, која се наоѓа под контрола на властите во Киев.
Засега нема податоци за тоа дали има уште жртви или повредени меѓу вработените во складиштето, наведе претставник на локалната администрација Јуриј Клименко.
Тој додаде дека е формиран и оперативен центар за вонредни состојби.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија