Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина

Најмалку шест лица загинаа во воздушните напади врз Украина во текот на ноќта, соопштија локалните власти, додека руските сили продолжуваат со нападите врз неколку украински области.
Тројца загинати има во главниот град Киев, каде што е пријавен прекин на снабдувањето со електрична енергија во неколку населби, информираа градоначалникот Виталиј Кличко и електроенергетската компанија.
Две лица загинале во централната Днепропетровска област, а еден жител е убиен во Запорошката област, во југоисточниот дел на земјата, соопштија тамошните регионални воени администрации.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили извршиле напад од големи размери и погодиле објекти од телекомуникациската и енергетската инфраструктура на Украина.
„Ноќеска вооружените сили на Руската Федерација извршија обемен напад со високопрецизно оружје и јуришни беспилотни летала со голем дострел. Во нападот беа погодени објекти од комуникациската и енергетската инфраструктура во Киев, како и во Киевската и Харковската област, што се користат за потребите на военоиндустрискиот комплекс и вооружените сили на Украина“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
