Најмалку тројца убиени во тешките борби во источна Украина

Најамлку три лица се убиени во најновите непрекинати тешки борби во источна Украина меѓу владините сили и проруските сепаратисти.
Синоќа бил убиен еден украински војник, а девет други војници и еден цивил биле ранети, соопшти украинската Влада, цитирана од американските медиуми.
Утринава, пак, во центарот на Доњецк се одекнува тежок артилериски оган, пренесоа американските медиуми.
Бунтовничкиот бастион, Доњецк, како и дел од блискиот град Макеевка, се останати без водоснабдување по гранатирањето од страна на владините сили, пренесе ТАСС, повикувајќи се на локалната компанија за водоснабување.
Насилството во реонот на конфликтот ескалира за време на викендот, забележаа американските медиуми. Во понеделникот вечерта и вчераутро осум лица беа убиени, а десетици други ранети.
Борбите се концентирани околу индустрискиот град Авдиивка (Авдеевка на руски), северно од Доњецк. Овој град, каде со денови нема струја, се наоѓа под контрола на украинската Влада.
Воената команда на сепаратистите од „Доњецка Народна Република“ (ДНР) соопшти дека киевските владини сили досега имале 93 жртви и неколку стотици ранети војници во обидот да ја пробијат одбраната на ДНР, пренесе ТАСС.
Претходно информативната агенција на ДНР соошти за двајца загинати цивили во гранатирањето на Доњецк и Макеевка од страна на украинската армија. Во Доњецк биле ранети четворица граѓани, од кои тројца кога возилото на брзата помош било погодено од граната.
Шефот на самопрогласената ДНР, Александар Захарченко, вчера изјави дека борбите се водат на фронт од 50 километри. Тој го обвини украинскиот претседател, Петро Порошенко, дека лично ја издал наредбата за офанзивата на владините сили врз ДНР.
Ново на Сител
-

Трамп во говорот на 250-годишнината од независноста на САД: Оваа земја е дом на слободата
-

Објавена нова листа на најмоќни пасоши во светот: Македонија на 78-место
-

Пожар во трговски центар за овошје, зеленчук и цвеќе во германскиот град Штутгарт
-

Муцунски во официјална посета на Катар
-

СП 2026: Мароко прв четвртфиналист
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод
-

Мицкоски: Можеме да прифатиме и гласање преку пошта, наша цел е да обезбедиме побројно гласање на дијаспората
