-->
-->
Најмалку тројца загинати во поплавите во Ерменија и Грузија
-->
Три лица загинаа во поплави предизвикани од обилни дождови и излевање на реки во Ерменија и Грузија, јавија регионални медиуми.
Пристапот до селата е прекинат, а стотици жители се евакуирани од своите домови.
Како одговор на барањето од Ереван, руското Министерство за одбрана испраќа воен персонал за да помогне во справувањето со поплавите, се вели во пораката на Телеграм.
Министерството за внатрешни работи на Ерменија објави дека бројот на загинати се искачи на три во селата покрај реката Дебед, во близина на границата со Грузија.
Стотици домови се поплавени, 230 спасувачи се испратени во областа. Според грузиските медиуми, најмалку 15 села се отсечени од надворешниот свет поради обилните дождови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените