Најмногу дожд во Демир Капија и Маврови Анови

Најмногу дожд во изминатите 9 часа, заклучно со 16 часот попладнево наврна во Демир Капија и Маврови Анови - 16 литри на метар квадратен, по што следуваат Битола, 15, Гевгелија, 9, Пожаране,8, Кавадарци,7, Скопје – Зајчев Рид, Велес и Прилеп, 5, Лазарополе, Претор, Тополчани, 5, Ѓуриште,3, Тетово,2, Штип, Струмица, Охрид и Берово по 1 литар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Кон крајот на денот и во текот на ноќта времето ќе биде магловито со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
УХМР најави дека утре ќе биде облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 литри на метар квадратен за 24 часа). Во утринските часови ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб до умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени. До крајот на неделата следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура, освен во котлините каде ќе има појава на магла.
МИА
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
