Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Крива Паланка
- Во Крушево наврнал воден талог од 36 литри на квадратен метар изминатите 24 часа, до седум часот, информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи.
Триесет и два литри на квадратен метар во Маврови Анови, 29 на Попова Шапка, 21 - Демир Капија, 14 - Тетово, Пожаране, Гевгелија, Кавадарци, 13 - Битола, Велес, 12 - Пожар-Радовиш, 11 - Тополчани, 10 - Скопје-Петровец, 9 - Прилеп, Штип, 6 - Скопје-Зајчев Рид, Берово, Лазарополе, 5 - Претор, Струмица, Куманово, 3 - Виница, 2 - Крива Паланка, покажуваат податоците на УХМР.
- Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, нагласуваат оттаму.
Дожд се очекува и во текот на денешниот ден, проследен со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура, според најавата, ќе биде во интервал од 11 до 18 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 15 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Загина 75-годишен возач во сообраќајка во Чаир
-
Престижните универзитети во САД создаваат обединет фронт против Трамп
-
Путин прогласи еднострано тридневно примирје во Украина од 8 до 10 мај
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
Кривични пријави против поранешни вработени во МВР, го оштетиле буџетот на министерството за 3.314.870 денари
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун