Најмногу дожд во Крушево, времето денеска нестабилно, наместа со поројни врнежи и грмежи

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 26 литри на квадратен метар.
Според мерењата на УХМР за наврнат воден талог во изминатото деноноќие, до 8 часот се измерени 13 литри на квадратен метар во Крива Паланка, 10 во Штип, 8 во Скопје - Петровец, 7 во Демир Капија, 6 литри во Берово, 5 во Струмица, 4 во Кавадарци, Гевгелија и на Попова Шапка, 3 литри на квадратен метар воден талог се измерени во Тетово, Охрид, Куманово и Лазарополе, 2 во Скопје - Зајчев Рид, Виница и Маврово и 1 во Прилеп и Велес.
За денеска УХМР прогнозира променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Дневната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне 25 степени.
Ново на Сител
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
