-->
-->
Најмногу дожд во Лазарополе, најладно во Крушево
-->

Времето денеска ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Дува умерен, а во средниот дел на Повардарието, во Пелагонија и на североистокот повремено и засилен ветер од јужен правец. Врнежите дожд ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови.
Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2. Врнежи од снег преку денот ќе има само на повисоките планини, а во текот на ноќта снежната граница ќе се спушти до околу 1500 м.н.в. Ќе дува засилен, на моменти силен јужен ветер (со брзина и над 90км/ч). Температурата ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, особено во вечерните и ноќните часови. Ќе дува засилен јужен ветер. Температурата ќе биде до 15 степени.
Утре наутро се уште ќе има локални врнежи, особено во јужните делови. Преку денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето, што ќе се задржи и во првиот ден од следната работна седмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров
-
Пожарот во Струмичко е ставен под целосна контрола
-
Српскиот патријарх одржа молитва за жртвите во Кочани
-
Трамп им ја укина државната заштита на Камала Харис и на Хилари Клинтон
-
Сончево со умерена облачност, температури до 20 степени
-
Состојба на патиштата