-->
-->
Најмногу дожд во Охрид, северен ветер и утре
-->
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Охрид – 19 литри на метар квадратен. Синоптичарите и за денеска најавуваат слично време со повремени локални врнежи од дожд и засилен северен ветер, особено во источните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, утринава најстудено е во Лазарополе каде е измерен само еден степен над нулата.
Северен ветер ќе дува и утре, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето освен во среда кога повторно ќе има услови за локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во благ пораст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот