Џет-Сет
8. August 2018 - 10:55

Најмногу ја нервираше немаштијата, а потоа стана ѕвезда: Карлеуша со емотивна порака објасни како постигна успех

Јелена Карлеуша важи за една од најголемите ѕвезди во регионот, но нејзиниот пат воопшто не беше лесен.

Иако сите мислат дека пејачката отсекогаш уживала во животот, не било од секогаш така. Карлеуша проживувала исто како и сите во 90-тите во Србија.

Таа сега со емотивна порака и се обрати на јавноста и и призна за што е благодарна.

„Кога бев малечка, најмногу ме нервираше немаштијата. Ме убиваше тоа што ја гледам мајка ми, тетката и бабата како се мачат. Бев скромно девојче кои ништо не бараше...освен да ми веруваат дека еден ден ќе успеам. И ми веруваа. И успеав. За нив“, рече пејачката.