Најнови детали: Пожарот на Скопска Црна Гора не стивнува, екипите на терен
Пожарот кој вчера избувна на Скопска Црна Гора, помеѓу селата Раштак и Булачани, не стивнува. Во моментот се активни се три жаришта, а зафатена е голема површина на сува трева и дрва, информира утринава за Курир командирот на скопската противпожарна бригада, Ѕвонко Томевски.
-30 луѓе активно се на терен, а зафатени се околу 500 хектари површина. Пожарот се шири на три страни, но нема опасност за куќите во селото. Очекуваме поддршка и од воздух и сме во комуникација и координација со Дирекцијата за заштита и спасување, вели Томевски.
Од МВР информираат дека пожарот кај нив бил пријавен вчера околу 13:30 часот на местото викано Кашлица, атар на село Булачани. Според информациите со кои располага Министерството во пожарот зафатени било едно бачило и една викендица.
Ново на Сител
-
Инвестирање во капацитети и стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Затворена зоолошката во Скопје, потврден е „птичји грип“
-
Перински: Ќе се кандидирам за градоначалник на Скопје, ако анкетите покажат рејтинг
-
Затворена зоолошката во Скопје, има сомнеж за „птичји грип“
-
Георгиева: Не чека тешка иднина, најпогодени ќе бидат сиромашните
-
Перински: Незаконски е општини да ја финансираат Албанската академија