Најстудено изутринава на Попова Шапка - минус три степени, најтопло во Кавадарци седум степени

Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка - минус три степени, а највисоката во Кавадарци - седум степени.
Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи во Берово е измерен минус еден степен, Маврови Анови нула, Претор, Струмица и Kрушево еден, Крива Паланка, Охрид и Битола два, Прилеп и Штип три, Тетово и Виница четири, Скопје-Петровец и Велес пет, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Гевгелија шест.
Количината на врнежи во изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) изнесува Битола 20, Претор 15, Охрид и Kрушево 14, Штип и Гевгелија 13, Крива Паланка, Кавадарци, Пожаране и Ѓуриште 12, Прилеп, Велес и Mаврови Анови 11, Виница 9, Тетово 8, Скопје-Петровец, Тополчани и Попова Шапка 7, Берово 4, Скопје-Зајчев Рид и Струмица 3, Демир Капија 2.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 100 см.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од пет до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до десет степени.
MИА
Ново на Сител
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
-

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат
-

Сончево со умерена облачност
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
