Најстудено на Попова Шапка -8 степени
Утрово најниска температура од -8 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка. Следат со -6 степени Крива Паланка, Маврови Анови и Крушево, -5 во Берово, Битола, Штип и Претор, -4 во Прилеп и во Струмица и -2 степени во Тетово, Охрид и во Виница.
Нула степени се измерени во Скопје на Зајчев Рид и во Петровец, како и во Демир Капија, 4 во Куманово и Дојран и 5 степени во Гевгелија.
Во седум часот висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 36 сантиметри и 16 на Маврови Анови.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Ново на Сител
-

Кочовска: Синдикатите да се договорат со работодавачите за повисока плата
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
-

Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
-

Сите работници не добиле К-15
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
-

Преглед на вестите од светот
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
