Најстудено во Берово и Крива Паланка
Најниска температура во Македонија, минус 13 степени, изутрина во седум часот е измерена во Берово, по што следат Крива Паланка со минус 11 степени и Маврово со минус десет, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Лазарополе и во Крушево се регистрирани минус осум степени, минус седум во Дебар, минус шест во Струмица, Претор и Штип, минус 5 во Куманово и Виница, минус 4 во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Охрид, минус два во Демир Капија, минус еден во Кавадарци и Дојран, а нула во Гевгелија.
Снежна покривка со висина од 33 сантиметри има во Маврово, 27 во лазарополе, 25 во Берово, 17 во Пожаране и Крушево...
Времето денеска ќе биде претежно сончево, претпладне во западните делови променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено во источните делови и долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер, со максимална темпетарура до 0 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на претежно стабилно и студено време со ниски утрински температури. Најстудено ќе биде утре наутро, кога на повеќе места температурата ќе се спушти под -12 степени. Од средина на неделата ќе има извесно затоплување, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово
-
Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем
-
Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка
-
Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад
-
Џинпинг вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден
-
Во близина на резиденцијата на премиерот на Израел паднале две ракети