Најверојатно трета доза ќе биде потребна за сите граѓани, вели Филипче
Во Вестите на Сител министерот за здравство Венко Филипче кажа дека најверојатно трета доза вакцина ќе биде потребна за сите граѓани .
- Очекуваме да излезат клиничките студии кои што ги прави компанијата Фајзер. Според укажувањата и најавите таа трета доза многу веројатно ќе биде потребна за сите граѓани, но сеуште е рано, чекаме да излезат официјалните студии и потоа да излеземе со соодветна препорака. Имаме голема разлика кај различни возрасни категории. Вкупниот број на вакцинација е 37 проценти на целокупното население, најмалку со една доза 45-6 проценти од граѓанте и околу 55-6 проценти кај граѓаните над 40 години. Како расте возрасната група на граѓани така се зголемува опфатот со вакцинација на пример близу 70 проценти од граѓаните над 70 години се вакцинирани.
Ново на Сител
-
Заеднички час на платото на УКИМ, студенти и професори оддадоа почит на жртвите
-
Министерот за здравство Таравари ќе ги посети пациентите во Солун и Софија
-
Пленковиќ: Четворица повредени од Северна Македонија за два дена ќе бидат префрлени во Хрватска
-
МЗ: Отворена телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите 078 378 754
-
„Лажат дека пиротехниката ја донел бендот“ - се огласи сопругата на Андреј од „ДНК“
-
Муцунски: Во странство испратени 51 пациент, ќе заминат уште дваесетина повредени од пожарот во Кочани
-
Најавен протест во Кочани во 13 часот
-
Сочувство од Вселенскиот Патријарх за трагедијата во Кочани