Највисокиот тинејџер на светот е висок неверојатни 233 сантиметри и се уште расте

Брок Браун (19) од Мичиген влезе во Гинисовата книга на рекорди како највисок тинејџер на светот.
Моментално е висок 233 сантиметри и уште ќе расте.
На Брок му е дијагностициран Сотосов синдром.
Доколку продолжи да расте со просечните 15.2 сантиметри на година, наскоро би можел да го престигне и највисокиот човек на светот Султан Косен кој во моментов е висок 248 сантиметри.
На петгодишна возраст му бил дијагностициран Сотосовиот синдром, познат како церебрален гигантизам.
Станува збор за ретко генетско нарушување кое се карактеризира со надпросечна тежина и висина при раѓање, брз раст на телото во првите неколку години, големи раце и стапала, високо чело, страбизам, и благ застој во менталниот, моторичкиот и социјалниот развој.
Лекарите на мајката на Брок и соопштиле дека нејзиниот син најверојатно нема да го преживее тинејџерството, но тој ги победил црните прогнози.
Освен гигантизмот, момчето има потешкотии со учењето, срцева мана, ADHD, искривена карлица и спинална стеноза. Исто така роден е само со еден бубрег и не може да прима аналгетици и покрај големите болки во карлицата.
„Во грбот чувствувам остра болка како некој да ме боде со игла. Тешко е. Кога би можеле барем докторите нешто да направат да ми помогнат“ – изјави очајниот Брок.
Иако решение за овој проблем не постои, лекарите сега веруваат дека Брок сепак ќе доживее нормален животен век.
Необичниот раст подразбира и високи трошоци за живот. Целата облека и чевли на Брок мораат да се прават по мерка, а тоа нормално чини многу повеќе. Исто така, има посебно изработен кревет и стол кои чинеле околу 1000 долари.
Ново на Сител
-

Саем за туризам во Крушево - Адреналински парк, спа центри, мали локални винарии, разни специјалитети
-

Тема на денот со Бујар Османи, потпретседател на ДУИ
-

Ново поскапување на горивата од понеделник, Собранието ќе гласа за продолжување на кризната состојба
-

Нови субвенции за жителите на Карбинци
-

Одлична атмосфера на првиот ден од Пиво фест во Прилеп, вкусна скара, ладно пиво и музика за сите вкусови
-

Кој ќе одговара за здравствената криза во Гостивар?
-

Мицкоски за извештајот за владеење на правото: Ќе критикувам додека не видам резултати
-

Aвтопатот Охрид - Кичево готов најдоцна следната година
