НАкС: Неправилности во работењето на Интеруниверзитетската конференција

Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека има неправилности и злоупотреби во работењето на Интеруниверзитетската конференција, затоа што, според негови сознанија, незаконски биле избрани членови на новите тела согласно со новиот Закон за високо образование – Националниот совет, Одборот за акредитација и Одборот за евалуација.
Интеруниверзитетската конференција, во која се здружени осумнаесет акредитирани универзитети во државата, со новиот закон од минатата година доби нови надлежности – да предлага и избира членови во телата кои треба да имаат клучна улога во регулативата и контролата на квалитетот во високото образование. Во неа членуваат ректорите и претседателите на студентските собранија на сите универзитети, еден директор на висока стручна школа, како и 20 члена кои се избираат од редот на редовните професори.
-Значи, интеруниверзитетската конференција би требало да брои вкупно 57 членови. Сепак, останува нејасно колкав е точниот број на членови на сегашната Интеруниверзитетска конференција, врз кој законски основ е дојдено до сегашниот состав и како се засметува кворумот потребен за донесување статут и носење одлуки, наведува НАкС.
Според нивни сознанија, новата Интеруниверзитетска конференција се конституирала само со избор на староновиот претседател и со придодавање на ректорите на приватните универзитети, но без претседателите на студентските собранија на универзитетите, како и без да бидат избрани нови членови од редот на универзитетските професори. Дополнително, како што наведува синдикатот, не е исполнета законската обврска за јавност во работењето преку изготвувањесопствена веб-страница на која треба да се објавуваат актите, одлуките и јавните повици, како и информациите за закажаните седници.
Според синдикатот, на 18 март била одржана седница и предложени и избрани членовите на Националниот совет, Одборот за акредитација и Одборот за евалуација, позиции за кои јавниот повик не бил објавен на веб-страница, како што пропишува новиот закон.
Ново на Сител
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
